12.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

(ВИДЕО) Заев: Иако сме Северна Македонија, во Скопје е +40 степени

Македонскиот премиер Зоран Заев се пошегува со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. На почетокот на средбата на двете делегации на Самитот во Познањ, разговарајќи неформално, Борисов го прашува Заев, „како е во Скопје?“. Министерот за надорешни работи, Никола Димитров кусо коментира дека е „многу жешко“, додека Заев додава дека „Иако сме Северна Македонија, пак е 40 степени“, велејќи му дека претпоставува оти и во Софија е слично времето.

Бугарскиот премиер му одговори на Заев дека претходните 2-3 дена бил во Брисел и не ја почуствувал жегата.

Двете делегации, македонската и бугарската учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Скопје и Софија наредната година ќе бидат домаќини на овој Самит кој е во рамки на Берлинскиот Процес. столици.

Целата вест прочитајте ја на 360степени.мк 

Видео: 360степени.мк

поврзани објави

Последни објави