30.8 C
Skopje
Monday, July 14, 2025

(ФОТО) Бидете претпазливи на патот Делчево – Македонска Каменица, дрвја го попречуваат движењето

Читателите на нашиот портал испратија повеќе фотографии, на кои се гледа како има проблем во движењето на патот Македонска Каменица – Делчево.

Како што може да забележите од фотографиите, гранки од дрвја се испречуваат на самиот пат, точно над мост, што е дополнителен проблем за одбегнување, доколку минува автомобил и од спротивна насока.

Затоа се предупредуваат сите возачи на овој дел од државата да бидат внимателни, додека проблемот не биде саниран од надлежните служби.

поврзани објави

     

Последни објави