Претставата „Ана Комнена“ ќе ја има својата примера во велешкиот театар „Џинот“ на 17 февруари, што ќе значи и прва претстава во новата година во Велес.
Сашо Димоски е авторот на претставата, додека истата е изработена во режија на Васил Зафирчев и Ненад Витанов.
„Ова не е историска драма ниту драма на историјата, туку современ драмски прочит кој го преиспитува историскиот контекст и феноменот на власта, но и сите политички, социолошки, културолошки и уметнички референци на Византија како империја во нивните универзални значења и вредности“, истакна Васил Зафирчев, уметнички директор на театарот.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, на билетарницата на Театар „Џинот“ во Велес. Репризата е закажана ден подоцна од примерата, односно 18 февруари.