20.8 C
Skopje
Sunday, May 11, 2025

И тоа се случи: Вицепремиер на државата стана човекот кој истакна дека „не се бави со граѓаните“

Садула Дураку е вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Кои се трите врвни достигнувања за доброто на македонската држава што ги направил Дураку, за да ги заслужи привилегиите да биде втор човек во извршната власт? Побаравме владиниот портпарол да ги наброи:

-Јас како портпарол на Владата можам да информирам за одлуките кои се донесуваат на владина седница. Една од тие одлуки е и одлуката на Владата е господинот Дураку да биде вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, одговори Мухамед Хоџа, портпаролот на Влада.

Конкретен одговор нема, ама па затоа Владата е убедена дека Дураку имал искуство:

-Се надеваме дека господинот Дураку со неговото искуство ќе придонесе на унапредувањето на правата на етничките заедници и етничкиот систем во државата и други проекти, додаде Хоџа.

А искуството по кое македонските граѓани го памтат Дураку е изолацијата на неговиот престој во министерството за животна средина, без речиси ниедна прес конференција, одржан говор, преземена мерка за спречување на загадувањето кога Скопје се прослави на врвот од светската црна топ листа. Новинарите мораа да го бркаат за изјави, па кога еднаш го начекаа им рече:

-Сега јас не се бавам со граѓаните тие може да се тужат. Знаете вие, ние Македонија не сме Швајцарија. Сега ние почнавме, еден чекор е напред и тоа. Работна група ќе искочи ќе каже кои чекори ќе се земат, рече Дураку на 22.11.2018.

Во биографијата на Дураку е запишано дека е експерт за интернет експлорер, но и дека во 2001та бил учесник како командант Вентили, за кој е познато дека неколку недели ги остави без вода жителите на кумановскиот регион. За неговиот колега Бујар Османи, Дураку е најдобриот познавач на рамковниот договор.

Извор: Алфа.мк

поврзани објави

     

Последни објави