21.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Самка удри по Џафери: Дали затоа што сум Ром, Собранието нема 300 евра за службено патување?

Пратеникот од владејачкото мнозинство Самка Ибраимовски, во отворено писмо до јавноста кое го објавуваме интегрално, се обраќа до собранискиот спикер Талат Џафери и до Претседателството на Собранието:

„Jас како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија уште пред 30 дена добив покана за настан кој ќе се одржи во Мерсин, Турција по повод средба и соработка помеѓу пратениците Роми од регионот.

Најпрво требаше да одржам средба со градоначалникот на Мерсин, г-дин Вахап Шеќер, со хрватскиот пратеник, г-дин Вељко Кајтази, како и со група пратеници во Парламентот на Турција, во делот на проблематиката за Ромите во Европа и надвор од неа.

Јас како пратеник требаше да говорам заедно со Џемал Бекле, пратеник во Собранието на Турција, Вељко Кајтази – пратеник во Собранието на Хрватска на сесијата наречена: „Итноста од политичка поддршка на Ромите и мејнстрим медиумите со цел борба против антициганизмот“ (дискриминација врз Ромите од секаков вид).

Не ми се дозволи да патувам иако организаторот обезбеди хотелско сместување и храна. Собранието на Република Северна Македонија требаше да обезбеди само авионска карта која чини околу 290 евра. Го прашувам претседателството на Собранието на Република Северна Македонија, дали Собранието нема 300 евра да плати за авионска карта за службено патување, или и во ова поле има дискриминација, или пак, е празна касата.

Му благодарам на Претседателството на Собранието и ги прашувам како ќе одат во Соединетите Американски Држави ако немаат пари. Доколку дознаам како пратеник дека поради тоа што сум Ром не ми дозволуваат да патувам или сум дискриминиран, тогаш нема ни потреба да бидам во тоа Собрание“, порачува Ибраимовски.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави