Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Љубљана е прекрасно место за дијалог и дека доколку биде закажан состанок со Трамп, нема ништо против тој да биде во Љубљана, истакнувајќи дека за тоа не одлучува само Москва.
„Што се однесува на Љубљана и Словенија воопшто, тоа е прекрасно место за таков дијалог, но тоа не зависи само од нас, зависи од повеќе фактори“, изјави Путин по разговорот со претседателот на Словенија Борут Пахар.
Рускиот претседател вели дека веќе имале такви состаноци, најверојатно мислејќи на неговиот состанок со поранешниот претседател на САД, Барак Обама.
Путин посочи дека дека САД и Москва можат заедно да се изборат против тероризмот.