Обвинителството во Данска покрена обвинение против девојче на 16. годишна возраст, кое планирало да направи серија бомбашки нашади во училиштата во земјата.
Девојчето користело рачно изработен експлозивен материјал, а нејзина цел биле две училишта, едно е еврејското училиште во Копенхаген, како и едно училиште во град западно од главниот град на државата.
Полицијата реагирала на време, поради што девојчето била уапсена на 13. јануари минатата година. Покрај тинејџерката, покрената е кривична пријава и против маж на возраст од 25 години, поради сомневање за соучесништво.