16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Колев предвиде: СЈО е каменот кој ќе не сопне

Кога западниот свет, кога европските демократии ни нудат решение, ни на крај памет не им е дека СЈО ќе стане инструмент за политичко пазарење, тие луѓе не можат ни на крај памет не можат да разберат дека е возможно да бидеш еден од најплатените правници во државата, бидејќи СЈО е една многу скапа институција, да имаш таков авторитет, со 80 % поддршка од луѓето, улиците се полнеа со луѓе со маички од СЈО, никој не може да разбере со таков авторитет, на такви плати, на таква доверба некој да се претвори во тоа што сега е СЈО. Прашање на карактер е. Ако човек нема јасна визија да се бори за некои работи, тогаш нема ни потреба да се зафаќа со таа работа.

Ова беше ставот на Претседателот на ГДУ Петар Колев кој го има изнесено во свое интервју на 14.01.2019 година на ТВ СТАР.

Овој негов став Колев го потврди и во своето последно интервју за ТВ СТАР кое се одржа пред 2 недели. Убеден сум дека луѓето од ЕУ кога го испратија ценетиот експерт Прибе во Македонија, кој важи за еден од најдобрите доктори за таа проблематика за скенирање на состојби, кој ни укажа на нашите слабости кои треба да се средат, веројатно и нему не му текнува на крај памет дека веќе никој нема да го спомнува имплементирањето на неговиот документ односно неговите препораки, додаде Колев.

Нашиот камен кој ќе не сопне е токму СЈО. СЈО беше создадено за да ја врати довербата во институциите, да почне да владее правото, но и за некои луѓе да го добијат заслуженото. Едниот од тие луѓе е политички азилант во Будимпешта а неговата партија зборува за право и правдина, тој е почесен претседател на партијата, голем дел од експертите кои работеа со тој човек а кои се клиенти на СЈО и ден денеска се во раководни позиции на партијата, Истава партија се финансира од истиве спонзори кои се клиенти на СЈО, истите тие луѓе по некоја случајност се рекламираат на 1ТВ. Ние како општество за жал, не успеавме да смогнеме сили да создадеме инструмент кој ќе ја задоволи правдата.

Колев во интервјуто потсети дека и во минатото има говорено за договор меѓу власта и опозицијата за бегството на Груевски.

Не можам да си претставам бившиот премиер кој има лично обезбедување, да не знаат повеќе од 2 каде е. Тој навистина можел да биде киднапиран. Можеби некој го ликвидирал. 2 дена по ред МВР не знаело што се случува со човекот кој го обезбедуваат. Си има соодветни протоколи, обезбедувањето решава во кој случај треба да го чува лицето. Што работела УБК, претставете си ако таа УБК не може да се справи со бегството на еден од најпопуларните луѓе во Македонија, ние со ова бегство покажавме дека целиот безбедносен систем е во очајна состојба, потсети Колев на неговите зборови од минатото.

168 – Анализи и Коментари – Гостин Петар Колев (01.07.2019)

168 – Анализи и Коментари – Гостин Петар Колев (01.07.2019)

Posted by Tv Star – Televizija Star on Tuesday, July 2, 2019

поврзани објави

Последни објави