Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева трет ден не се појавила на работа, потврдија од Специјалното јавно обвинителство.
Оттаму велат дека и денеска не поднела никакво образложение за отсуството и дека нема поднесено барања за боледување. Инаку Јанева во понеделникот поднесе оставка која треба да стапи во сила штом се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство и штом ќе се избере нејзин заменик.
Според досегашниот статус на обвинителството нејзиниот мандат истекува на 15 септември.
Јанева во јавноста се поврзува со предметот на Јавното обвинителство Рекет, во кој, како осомничени, беа приведени и им беше одредена мерка притвор, на Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец.