7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ГДУ со предупредување пред лидерската средба: Неопходна е промена на изборниот модел

Пред утрешната лидерска средба, сакаме да предупредиме дека неопходна е промена на изборниот модел и доколку оваа точка не биде прва за која лидерите ќе разговараат, лидерската средба би била беспредметна. Промената на изборниот модел е предуслов за демократија. Но властите поради криминалите заборавија на ветувањата дадени пред избори во насока на демократизација и развој на парламентарната демократија.

Собранието ни е како гласачка машина и наместо да ја контролира Владата, се случува обратно – Владата го контролира Собранието. Без разлика дали изборите ќе бидат во септември, октомври или март неопходна е промена на изборниот модел, во спротивно ништо нема да се промени. Само ќе се заменат ликовите во фотелјите, а криминалот и непотизмот ќе продолжат да цветаат.

Веќе видовме како едните само продолжуваат онаму каде што другите застанале. Видовме дека добро разработената шема „да има за нас, а за народот ако остане“ си функционира, без разлика кој е на Илинденска бб.

На ова мора да му се стави крај. ГДУ жестоко ќе се бори за промена на изборниот модел. Правдата е невозможна без силен Парламент кој ќе биде контролор, а не извршител, без пратеници кои ќе гласаат по сопствени убедувања, а не како ќе нареди лидерот. До тогаш Заев, Мицкоски и Ахмети само напразно зборуваат за правна држава, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

поврзани објави

Последни објави