Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во текот на вчерашниот ден си поднесе оставка од функцијата. По оставката тој беше забележан во еден од кафулињата во центарот на Приштина, каде што беше пречекан и испратен со аплауз од присутните гости.
Она што можеше да се забележи е дека присутните сакаа да се фотографираат со Харадинај. Снимката од случката ја пренесе порталот Индексонлајн.
Ramush Haradinaj mirëpritet nga qytetarët në një lokal në Prishtinë
Posted by IndeksOnline on Friday, July 19, 2019
Нашата ликовна уметничка Гордана Винчиќ беше дел од меѓународната ликовна колонија во Боге, Ругова, Косово на покана од организаторката ликовната уметничка од Косово, Шкурта Хаксиу. Колонијата се одржа во периодот 8 до 13 јули и истата е подржана од Министерството за култура на Косово, хотелскиот комплекс ”Магра Австрија” и Здружението на лица со посебни потреби од Приштина. Учество во колонијата земаа уметници од Албанија, Косово и Македонија.
Еве што раскажа Гордана за порталот Трибуна за ликовната колонија во Косово.
„Возбудлив предизвик ми беше фактот дека многумина од учесниците не зборуваат на јазиците кои добро ги познавам: македонски, српски, шведски, грчки и германски. Албански знам само неколку збора но тргнав со позитивно чувство во стомакот дека ќе биде прекрасна дружба и ново искуство за мене како човек и уметник. Двајца колеги, Африм Зибери и Рејан Етеми ми направија голема чест да ме земат со кола од Скопје и заедно со нив да патувам до дестинацијата каде што се одржуваше колонијата. Освен тоа што се добри уметници тие пред се беа вистински џентламени во текот на целото патување. Се погрижија за паузите, кафето па дури и за секоја интересна попатна информација за местата кои ги поминувавме. Позитивен впечаток ми остави градчето Пеќ кое се наоѓа на 20 км од Боге. Тука ја посетив општинската галерија, си купив интересни четки за сликање и уживав во локалното макијато. Комунициравме на неколку јазици, се смеевме и секој научи по некој нов збор.
Голема инспирација добив при дружбата со колегата од Косово, Скендер Идризи кој позади себе има 40 години работа како слободен уметник и професор. Тој претежно работи абстракција но зима инспирација од природата. Заедно со него ги истражувавме природните богатсва на околијата Ругова. Творевме до реката Бистрица а резултатот беа две дела, слики, ”Сестрите на Бистрица” кои останаа во сопственост на спонзорите и подржателите на ликовната колонија.
Последниот ден од мојот престој се одржа и изложба на која беа представени сите уметнички дела а не посетија и дечиња со посебни потреби. Тие уживаа во дружбата со уметниците а имаа и можност сами да насликаат по една слика. Пресреќни беа и две девојчиња на кои им направив по еден портрет за подарок.
Целиот текст прочитајте го на Трибуна