21.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Рускоска со коментар за предлогот таа да го води новото обвинителство

Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска вели дека е чест што е предложена да го води новото Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција, но смета дека е премногу рано за честитки.

Чест е во секој случај за кој било обвинител, така и за мене тоа што го предложи премиерот, но мислам дека е премногу рано и за честитки и за што било друго затоа што сепак тоа е Предлог-закон кој треба да оди во собраниска процедура. Може да има многу амандмани и не знаеме конечната верзија на тој закон како ќе излезе од Собранието. – вели Рускоска во интервју за емисијата „Код” што ќе се емитува во неделното издание, дел од кое беше пренесено синоќа во дневникот на ТВ Телма.

Таа истакнува дека не го чувствува предлогот како награда.

Како може нешто да чуствувате како награда кога ќе имате повеќе работа отколку што сте имале. Мислам дека не може да стане збор за награда, посочува Рускоска.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави