Според неофицијални информации кои стигнаа до нашата редакција, доцна вечерва, за време на оддржување на втората фестивалска вечер на Пивофест, во прилепската полиција било пријавено дека е поставена бомба во кафулето во кое и минатата недела беше пронајдена рачна бомба.
Од тоа што може да се забележи според фотографии, полицијата е присутна на лице место а локалот е евакуиран.

Засега нема потврда од МВР за овие информации. Се очекуваат повеќе информации во текот на денот.
Извор: МАКПРЕС.мк








