Нашето секојдневие, освен работните обврски, го поминуваме со нашите пријатели пиејќи чаша кафе или чаша топол чај. Таков е животот и на големите фудбалски ѕвезди, актери, пејачи. Но, која е разликата кога мега популарната фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо сака да излезе и да пие кафе или чај во јавност со своите пријатели?
Фудбалерот на Јувентус е препознатлив сегде. Неговото присуство во било кој момент може да предизвика вистински бум. Роналдо е секогаш во центарот на вниманието. Ова го говори и ова видео, во кое Кики Роналдо излегува со својот најдобар пријател на кафе, а фановите и минувачите едноставно не престануваат со фотографирање и барање за селфи со славниот фудбалер.
Веројатно, откако ќе ја погледнете снимката, ќе разберете дека вие можете многу повеќе да уживате пиејќи кафе отколку самиот Роналдо, бидејќи тој прашање е и дали воопшто може да пие и истовремено да ужива. Погледнете го ова видео: