11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Спасовски тврди дека тој и МВР немаат обврска да знаат каде е Катица Јанева

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека полицијата нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд, одговарајќи на новинарско прашање дали МВР знае каде е специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пишува СДК.мк

„Ако тргнеме од тој принцип дека МВР треба да знае каде секој се наоѓа во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава. МВР постапува исклучиво според наредби кои ги издаваат надлежниот обвинител или надлежниот суд“, рече Спасовски денеска во Прилеп по конститутивната седница на Советот за превенција.

Прашан за запленетиот глисер на Зоран Милевски – Кичеец, второосомничен во случајот „Рекет“, Спасовски кажа дека во минатото имало многу малку случаи на конфискација на имот и тоа праќало порака до криминалните структури дека и покрај криминалните активности, стекнатиот имот нема да биде конфискуван.

„Сега начинот на работењето концептуално е сменет и кај МВР и кај Јавното обвинителство. Паралелно со сите постапки и истраги, се води и финансиска истрага и врз основа на наредбите кои ги добиваме од Јавниот обвинител, ние постапуваме и не само конкретно за еден настан или случај, туку за сите ќе се постапува така и понатаму и секој нелегално стекнат имот, мора да биде вратен на државата, односно на граѓаните“, изјави Спасовски.

Целата оваа вест може да ја прочитате на СДК.мк

поврзани објави

Последни објави