Повредениот со возило на Итна помош е пренесен во велешката општа болница.
На автопатот од Велес – Скопје, синоќа околу 19 часот се случила сообраќајна незгода во која „опел корса“ управувана од 23-годишниот Т.З. од Гостивар излетал од патот и се превртело.
Во сообраќајката повреден е сопатникот И.С (24).
Како што информира портпаролот на СВР – Велес Верољуб Додевски, повредениот со возило на Итна помош е пренесен во велешката општа болница од каде поради тешките повреди е пренесен на лекување на скопските клиники.








