Миле Јанакиески од истражниот затвор Шуто Оризари е пренесен во приватна болница каде што треба да се провери неговата здравствена состојба, пренесува Канал 5.
Тој е притворен поради неодговорно доделување на државни плацови.
Неговите адвокати ги негираат тврдењата во медиумите дека Јанакиевски треба итно да биде опериран, кусо за Канал 5 информираа дека денеска оди на преглед.
Тој досега три пати беше во притвор во Шутка по разни основи, а до пред една недела штрајкуваше со глад, кој го прекина откако така му беше препорачано од лекарите.