Неколку лица се повредени во автобуската несреќа што пред околу еден час се случи во Србија, во близина на Врање, пренесува „Новости“.
Според првичните информации, станува збор за војнички автобус, којшто се движел во правец Големо Село-Врање.
До несреќата дошло во 13.20 часот, кога од засега непознати причини се превртел крај коловозот.
Според извори од регионалниот здравствен центар, во тек е прием на поголем број повредени, но не се прецизира за тежината на повредите.









