2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ФОТО: Никола Димитров објави моќна фотографија, со уште помоќна содржина

Министерот за надворешни работи на државата, Никола Димитров на својот фејсбук профил објави фотографија, која значи многу за една мала земја како нашата.

На сликата се наоѓа тој заедно со Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Филип Рикер, каде со добро вино наздравуваат.

Причината за наздравување е ратификацијата за членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД.

-Помина ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД. Наздравје со Philip Reeker, за идното сојузништво!, напиша Димитров.

поврзани објави

Последни објави