Околу 100-тина демонстранти се собрани на денешниот протест на плоштадот Скендербег, организиран од семејството на Ел Чека, кој преку социјалните мрежи објавува снимени телефонски разговори во кои тврди дека се слушаат гласовите на високи функционери на ДУИ.
Пред почетокот на протестот организиран од семејството на Ел Чека, се случи инцидент, во кој братот на Ел Чека, Блерим Амети, бил повреден од страна на Исмет Гури, објавуваат медиумите, повикувајќи се на изјава на мајката на нападнатиот.
На местото на инцидентот интервенирала полицијата, а нападот се случил пред пристигнување на репортерските екипи.
Протестот е поддржан од неколку невладини организации, но и од албански интелектуалци и патриоти од земјата и од странство. Од плоштадот Скендербег демонстрантите „се преселија“ пред Владата.
Фото и Видео: Алсат М