3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Феноменот, поради кој летањето со авион станува се подолго

Во текот на 60-тите години од минатиот век биле нужни пет часа за лет од Њујорк до Лос Анџелес и 45 минути да стигнете со авион од Њујорк до Вашингтон. Сега истите авиони, односно истите линии одземаат над шест часа, и покрај тоа што аеродромите се наоѓаат на истата локација.

Ова се нарекува “експанзија на распоредот”. Авиокомпаниите не сакаат да ја знаете токму оваа тајна, особено со оглед на ефектот кој го има врз животната средина.

Повеќе грубо кажано, тампон е дополнително време што авиопревозниците си го оставаат за да летаат од точката А до точката B. Бидејќи овие летови редовно задоцнуваат, наместо да ги оптимизираат своите операции, авиокомпаниите се повеќе вклучуваат задоцнувања. Таквото нешто може да изгледа невино за патниците – на крајот, иако летаат со задоцнување, тие се пријатно изненадени ккога пристигнуваат на време до крајната дестинација.

Таа тенденција може да создаде многу проблеми. Патувањето не само што трае повеќе време, туку и создава илузија на прецизност. И тоа значи дека нема притисок врз авиокомпаниите да станат поефикасни.

Во просек, повеќе од 30 отсто од сите летови пристигнуваат секојдневно со повеќе од 15 минути задоцнување, и покрај тампоните, рече капетанот Мајкл Бајад, претседател на консултантската компанија за авијација на АТХ Групацијата. Тој го цитира Извештајот за патување на патници во воздушниот сообраќај на САД.

Прочитајте повеќе на webcafe.bg 

поврзани објави

Последни објави