Кичевчанецот кој на Фејсбук е потпишан како Ел Чека и често објавува „бомби“ за ДУИ, сега испрати порака до лидерот на партијата, Али Ахмети
Допревте едно 3-годишно девојче, ја допревте мојата внука како што ми се заканивте, сега не очекувајте добро однесување, не очекувајте културни зборови, се гледаме о Али, се гледаме о Исмет, ќе се видиме и со вашите семејства – напиша Ел Чека на Фејсбук.
Албанските медиуми во Македонија пренесуваат дека братот и мајката на Ел Чека денеска биле нападнати пред почетокот на протестите.
Весникот Лајм објавува дека имало неколку инциденти и дека во едниот била повредена и мајката на Ел Чека. Таа за весникот тврди дека била нападната од блиски луѓе на Али Ахмети.
Во меѓувреме како што пренесуваат албанските медиуми бил нападнат и братот на Ел Чека.
Како што јавуваат албанските медиуми на местото на инцидентот интервенирала полицијата, а нападот се случил пред пристигнување на репортерските екипи.