На социјалните мрежи се појави интересно видео, во кoе се гледа како среде летни горештини жител запалил ѓубре во својот двор и создава огромен хаос во повеќе згради и куќи.
За брзо време објавата стана вирална, при што има огромен број на реакции од различни луѓе. Објавата прво се појави на „Ѕид на сообраќајниот срам“, каде оној што го објавил видеото напишал: „Можеби не е за тука, но што прави лигуш од Швајцарија во Македонија.“
Видеото веќе е достапно и на Твитер, а голем број од реакциите се дека истиот веднаш треба да биде пријавен, при што ќе реагираат надлежните органи.
https://twitter.com/susantoroj/status/1154830064250511360