16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Величков: Мицкоски, Заев и Пендаровски треба да направат се, дури и стој на раце, за Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО

Порталот „Поглед“ го побара новинарот Атанас Величков за да даде свој коментар за настаните од последните неколку денови. Неговиот одговор ви го пренесуваме во целост:

Од каде да почнам, можеби од најсвежото случување, „стој на раце“ кај Пендаровски. Изрелскиот амбасадор во Република Македонија, Дан Ориен, како да му покажа на нашиот претседател, дека ако затреба дури и ќе мора да застане на раце за Македонија да влезе во НАТО и ЕУ. Се разбира, тоа симболично се случи пред нашето државно знаме и знамето на НАТО, во кабинетот на претседателот. Посетата на Хан и Рикер во Скопје, исто така е поврзана со единствената опција пред нас, а имено влезот на Македонија во ЕУ и НАТО. Македонија нема план Б и точно поради таа причина денеска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по повикот на Рикер опозицијата да не го кочи донесувањето за законот за ЈО одржа прес-конференција на која подвлече дека ВМРО е активен чинител и ете подготвува сопствено законско решение за проблемот. Како да се оправдува пред време.

Јас лично очекувам сагата околу ЈО да биде решена на балкански начин, како што се реши и прашањето со промената на нашето уставно име. Мицкоски и Заев ќе се договорат па макар и направиле „стој на раце“. Точно тоа им го пренесоа Филип Рикер и Јоханес Хан на нашите главни политички играчи на сцената. Кој ќе биде новиот раководител и на што ќе личи новото Обвинителство, останува да видиме, изјави за „Поглед“ колегата Величков.

поврзани објави

Последни објави