Истражувањата покажуваат дека се пвоеќе деца имаат проблем со своите способности за обраќање внимание, страдаат од депресија и немаат емпатија. Тоа се само некои од последиците од прекумерно употребување на технологијата.
Ова се 5 причини поради кои на децата треба да им се ограничи употребата на технологијата.
1. Забрзан развој на мозокот. До втората година од животот мозокот се зголемува за три пати и продолжува со забрзан развој до 21. година од животот. Истражување на америчкиот универзитет за педијатрија објави резултати од истражувањето кое вклучува 2.200 семејства од 10 развиени земји, кои имаат деца од 2 до 5 години, а се покажало дека 58 % од децата од предшколска возвраст знаат да играат на компјутер, да управуваат и играат со таблет, но само 9 % од нив знаеле да врзат патики.
Се покажало дека претераното користење на технологијата може да доведе до отежнато учење, зголема имплусвиност и намалена способност за контролирање на своите чувства и однесување.
2. Задоцнет развој. За користење на технологијата, потребна е минимум физичка активност (најчесто се сведува на користење тастатура), а тоа може да резултира со задоцнет физички, но и психички развој. Секое трето дете тргнува во училиште со намалени способности, а тоа долгорочно влијае на писменоста и на напредокот во образованието.
3. Проблеми со сонот односно спиењето. Преголем дел од времето поминато пред ТВ екран, мобилен телефон или таблет, создава проблем кај децата кои се во период на физички и психички развој. Тоа може да придонесе за неправилно спиење, месечарење и слично.
4. Агресија. Комуникацијата на интернет исклучува комуникација во живо или таа се користи многу помал дел од времето. Резултатите на повеќе од 2000 научни истражувања покажуваат дека значајна изложеност на насилство во медиумите предизвикува поголемо агресивно однесување кај децата.
5. Зрачење и зависност. И родителите се повеќе време поминуваат пред малите ТВ екрани. Не е ретка појава да се видат мама и тато како гледаат цртан филм со своето мало дете само за да тоа „седи мирно“ и да не ги вознемирува.