11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Малиот бликаше од среќа: Емотивна средба на мало момче и фудбалерка родени без една рака

Мало момче бликаше од среќа кога се сретна со фудбалерка која, исто како него, е родена со една рака.

18-месечниот Џозеф Тид со широка насмевка се поздрави со Карсон Пикет и со возбуда ја бодреше од трибините на стадионот во Орландо.

Слатката средба и навивањето на Џозеф за неговата хероина беа овековечени со фотографии.

Фото

„Срцето ќе ми експлодира“, „Не знам што е послатко, нејзината искрена среќа или среќата на детето“, „Чистата радост на оваа прекрасна фотографија ми го одзема здивот. Навистина инспиративно“ – се дел од убавите коментари на социјалните мрежи.

поврзани објави

Последни објави