Македонскиот шампион и претставник во АБА лигата е се поблиску до опстанокот во АБА лигата, откако денеска убедливо ја совладаа екипата на Крка со резултат од 89-65.
Првата четвртина МЗТ ја доби 27-21, втората четвртина во која Крка играше најрамноправно и припадна и на полувреме се замина со 41-40 во полза на МЗТ Скопје.
Стартот на второто полувреме многу посериозно го сфатија избраниците на Анте Назор и ја создадоа разликата, а потоа само ја зголемуваа разликата која на крај изнесуваше убедливи 89-65.
Убедливо најдобар играч на натпреварот и нерешлива енигма за противникот беше Џош Скот кој имаше дабл-дабл учинок постигнувајќи 24 поени со 13 скокови, потпомогнат беше од Тејмс со 16 и Дреновац со 14.