13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Каракачанов: 30 години ве поддржуваме, први ве признавме како независна Република Македонија, но не можете да ни ја фалсификувате историјата

Бугарија во последните 30 години секогаш ја поддржувала Македонија. Бугарија беше првата држава која ја призна независната Република Македонија. Бугарија секогаш водела сметка за едно: Македонија, во која живеат луѓе кои се најблиски до нас да се развива нормално и демократски. Не само што први ја признавме Република Македонија , туку се сеќавате кога беше грчкото економско ембарго, Бугарија и додели неповратно на Република Македонија 10 милиони долари., во ситуација кога бевме во економска криза. Кога беше војната, ние пруживме тенкови и друго оружје. Во НАТО и ЕУ, Бугарија секогаш ја поддржувала идејата Македонија да стане член и на НАТО и ЕУ, вели Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5.

Тој додава дека Бугарија има еден услов- да запре фалсификувањето на бугарска историја и дека компромис со фактите во историјата не треба да се прави.

Пример: Цар Самоил бил македонски или бугарски цар? За нас не е нормално Бугарите да се нарекуваат татари, окупатори, фашисти бидејќи тоа не е вистина. Целото интервју на Каракачанов за Канал 5 телевизија можете да го погледнете ОВДЕ 

 

поврзани објави

Последни објави