На патот Штип-Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која две лица се тешко повредени.
Според министертвото за внатрешни работи на магистралиот пат Штип-Радовиш, кај селото Лакавица патничко моторно возило излетало од патот.
Во незгодата е повреден шеесет и пет годишниот возач В.Б. од Украина и шеесет и три годишниот сопатник И.Ф. од Русија.
Повредените лица се пренесени во Штипската болница каде им е укажана лекасрка помош, во Клиничкиот центар се констатирани телесни повреди кај возачот, а додека кај сопатникот биле констатирани тешки телесни повреди.