Вечерва во 19:00 часот само на Плусинфо.
СИТЕ ВИЕ ШТО СТЕ ЗАПЛЕТКАНИ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13-КА, ДО КОГА МИСЛИТЕ ДА СЕ КРИЕТЕ?!
Како е смислена шемата за извлекување пари за наводните проекти на Бојан Јовановски, преку авторски хонорари и директни исплати? Кои се лицата замешани или злоупотребени во оваа шема? Каков е нивниот политички бекграунд? Читајте, овој пат без псевдоними, туку со имиња и презимиња! Со документи, напиша на својот facebook профил новинарот Бранко Героски.
Героски е новинарот кој долго време пред да биде и јавно откриен случајот „Рекет“ зборуваше за истиот употребувајќи различни псведоними за луѓето кои биле инволвирани во истиот. Тој изминатиов период побара и средба со премиерот Зоран Заев, за да како што рече, му објасни зошто било важно тој сам да ја решел кризава која наста по случајот “Рекет“. Доколку нема сериозна разврска, Героски најави нови текстови во август за истиот случај, проширен и со нови ликови.