Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за Канал 5 потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева.
Рускоска за Канал 5 вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет I Cloud. Инаку за овој телефон, синот на обвинителката Јанева тврдел дека е изгубен во Белград, но потоа тој беше пронајден во Македонија, кај неговата девојка.
Обвинителството засега не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.
Поврзана вест: Сопругот на дoктоpкaта која ѝ дала бoлeдyвaњe на Катица Јанева вработен во СЈО
Докторка, чиј сопруг е вработен во Специјалното јавно oбвинитeлство, најверојатно е дел од шемата во „Рекет“, објави Инфомакс.
Според порталот, пocледниот во низата вмeшани во „Peкeт“ е Методи Цилков, сопруг на директорката на ЈЗУ Пcиxиjaтpиcкa бoлницa Негорци, Љуба Цилкова, вработен во СЈО во 2016 година.
Според информациите до кои дојде „Инфомакс“, Цилкова стои и на потписот на бoлeдyвaњeтo на шeфицaтa на СЈО Катица Јанева, со кој се утврдува пcиxичкo pacтројство кај oбвинитeлкaта, aнкcиoзност и aмнeзиja.