Еден постар Индијанец на својот внук му ја раскажал следнава приказна:
-Во луѓето се одвива непрекината борба. Тука секогаш се борат два волци. Еден е лош – тој е стравот, гневот, зависта, каењето, огоченоста, лагите… Другиот е добар – тој е радоста, мирот, љубовта, надежта, добрината, сочувството, великодушноста, вистината, раскажал старецот.
Кој волк победува, дедо? – го прашал внукот на крајот. Оној кој повеќе го храниш, одговорил стариот дедо.
Повеќе за волците како животни: Волците се многу попријателски расположени кон околината отколку што се мисли. Тие се лојални до смрт, со силно чувство за посветен фамилијарен живот, при тоа задржувајќи ја својата индивидуалност. Тоа е првиот впечаток што го добиваат научниците кои ги набљудуваат овие суштества. Една од најдобрите и највпечатливите особини на волкот е формирањето на цврста емоционална врска со блиските. Нивните малечки уште во првите неколку недели доживотно се приврзуваат за останатите од групата, а многу тешко ја доживуваат подоцнежната разделба со нив.
Оваа нивна карактеристика е особено видлива во случаите кога волкот е одгледан од човек уште од малечко, па тоа подоцна не ја развива „природната агресивност“ која погрешно му се припишува, туку формира силна пријателска врска со човекот и евентуално со кучињата со кои рано дошло во контакт.