Во рамките од 23. коло во регионалната АБА лига, во Скопје тимот на Карпош Соколи во Арената „Борис Трајковски“ ќе го пречека актуелниот шампион и член на Евролигата, тимот на Црвена Звезда.
По тој повод, раководството на „соколите“ си дозволи да направи и нереален и во најмала рака чуден потег, поставувајќи несвојствена цена на билетите.
Секој љубител на кошарката кој ќе сака да го проследи тој натпревар, ќе треба да издвои 3.000 денари или 50 евра. Ваквиот потег со сигурност ќе биде осуден од македонските фанови на кошарката, бидејќи речиси нема поединец кој би можел да си дозволи ваков луксуз.
Во првиот натпревар одигран во Србија, Карпош Соколи беше поразен од Звезда со 91:70. Сепак, избраниците на Николиќ се во неверојатна серија на домашен терен, дали истата ќе продолжи ќе дознаеме во вторник на 14 февруари.