Често пати во огласите можат да се видат чудни и необични понуди и барања, една од нив ви пренесуваме во продолжение, која ни доаѓа од соседна Србија.
Ова е оглас од една 80 годишна баба која е во потрага по пријател за пиење кафе и слушање евергрини.
-Доколку сте висок, осамен а ведар осумдесетгодишник, инателектуалец, и сакате со ведра личност повремено да испиете кафе со џез или евергрин музика јавете се 011/ 3614-351 од 13 до 19 часот во работни денови, ова е огласот од осамената бабичка.
Нема замерка, бидејќи тоа во тие години веројатно е најбитно – да имате со кого да го пиете кафето и да уживате во музиката. Со среќа во потрагата.