Никогаш досега не сме сретнале ваков случај, но за вакво нешто е пишувано во медицинската литература – вели д-р. Пратиба Рамани.
Индиски орални хирурзи и стоматолози изведоа операција на седумгодишно момче и му извадоа 526 заби од устата, објави Business Insider.
Родителите на момчето го однеле на стоматолошки преглед поради отоци и болки во пределот на десниот дел од долната вилица.
– Никогаш досега не сме сретнале ваков случај, но за вакво нешто е пишувано во медицинската литература – вели д-р. Пратиба Рамани, професорка и дикректорка на Одделението за орална и максилофацијална патологија.