13.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

Разговор помеѓу девојка и баба во ЈСП – никој не очекуваше ваков расплет на муабетот

Смешна приказна која неодамна ја насмеа публиката на интернет е за една баба и урбана девојка кои оствариле средба во еден градски автобус.

Погледнете што се случило кога се споиле двете различни генерации.

Во градски превоз секојдневно среќаваме најразлични луѓе. Така, и во еден градски автобус се качила девојка која имала неколку тетоважи на своето тело, од кои една била напишана на кинески јазик.

Во нејзина близина седела баба која упорно ја гледала во вратот и се чудела на реченицата која била напишана на кинески јазик.

Во тој момент девојката ја забележила и и упатила едно прашање:

– „Што е бабо, во твое време немаше тетоважи… Зошто ме гледаш така?“

– „Девојко, во мое време имаше сѐ, 30 години ми поминаа во Азија. Па предавав кинески јазик на факултет. Но, едноставно не можам да разберам зошто на вратот ти пишува: ‘Кога еднаш ќе го одмрзнете, не замрзнувајте го повторно’! – ѝ одговорила бабата.

поврзани објави

Последни објави