24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

Откако некој период одмори од јавноста – Тамара испрати интересна порака до сите

Уште по завршувањето на Евровизија, Тамара како да ја погоди ураган од низата скандали кои ја следеа еден по друг. Секој се почувствува повикан да искоментира, навреди или да ги оправда и прифати нејзините изјави и постапки, а бурата очекувано доста ја погоди пејачката која потоа како да сакаше да се дистанцира од социјалните мрежи и да излезе од фокусот на јавноста.

Тамара изминатиот период ретко беше активна на Инстаграм и Фејсбук, а сега преку неколку „стори“ на својот профил откри дека се наоѓа во Гевгелија, родното место на нејзиниот сопруг Александар. Таму се релаксира со најблиските, а се опушташе и негуваше во еден салон за убавина од каде објави куса снимка.

Потоа следеше и уште една порака која како да им ја упати на сите душегрижници, а во споделената мисла се вели:

-Интересно е колку некои луѓе погрешно те доживуваат. Тоа е дека не те познаваат доволно, но мислат дека имаат право да кажат нешто за тебе, пишува во објавата на Тамара.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави