Една многу сиромашна жена се јавила на некое христијанско радио да бара помош. Еден лош и злобен човек кој ја слушал радио програмата смислил нешто да направи во врска со тоа. Тој ја зема нејзината адреса, се јавува на неговата секретарка и нареди да и купи храна и да и ја однесе на жената со следните инструкции: Кога жената ќе те праша кој и ја испратил храната, кажи дека е од ѓаволот.
Кога пристигнала жената која била испратена да ја однесе храната, таа била среќна и ја внела храната дома.
Секретарката ја прашала: Зар не сакате да знаете кој ви ја испрати храната? Жената одговорила:
Не, не е важно, бидејќи кога Бог ќе нареди, и ѓаволот слуша. На ова, секретарката се расплакала.
Затоа, не грижете се. Вие сте прекрасно Божјо дете и Бог ќе ви помогне. Можеби некои работи во животот ви изгледаат невозможни, но Бог ќе ги направи возможни и тој е тука даде решение за сите ваши проблеми.
Извор: Семе Синапово