13.8 C
Skopje
Wednesday, April 23, 2025

Има мачка, скриена во оваа фотографија – за колку време ќе можете да ја откриете?

На социјалните мрежи се шират голем број фотографии, кои претсавуваат неверојатни оптички илузии.

Некои од нив се јасно видливи откако еднаш ќе ја забележите „измамата“, но некои остануваат мистериозни и нејасни.

Така, иако на фотографијата изгледа дека гледате само дрвја пред вас, сепак на истата фотографија има и мачка.

Фото

Корисниците на Reddit се обиделе да најдат мачката во оваа слика и многу од нив успеале. Мачката дури и не сакала да се сокрие, туку само спиела.

Фото

На следната фотографија ќе можете да видите каде точно се наоѓа мачката доколку претходно сами не успеавте да ја пронајдете. Лесно било, нели.

Фото

А што значи всушност зборот оптичка илузија?

Наједноставно кажано, оптичка илузија е измама која ни ја приредуваат очите. Ни се присторува дека гледаме нешто што не е така во реалноста, или гледаме ист предмет на два потполно различни начини.

Зошто се случува ова? Затоа што видот не е само физички процес. Не е како фотографија. Видот е всушност умствено искуство. Со други зборви, не гледаме со очите, туку со мозокот. Очите се механички инструмент за восприемање на впечатоците. Кога сликите ќе пристигнат во мозокот, доаѓа до препознавање, мислење, расудување. Ќелиите на мозокот одлучуваат што претставува ликот, или сликата која ја гледаме.

Споделете ја фотографијата со вашите пријатели да видите дали тие ќе успеат да ја пронајдат мачката на фотографијата.

поврзани објави

Последни објави