4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

СДСМ: Флексибилно работно време за самохраните родители

„Еднородителските семејства и самохраните родители ќе добијат заштита и грижа од државата.

Во првите 6 месеци од формирањето на новата Влада, законски ќе го обезбедиме правото на флексибилно работно време за самохраните родители.

Самохраните родители сега се принудени да земаат боледување или ден од одмор ако имаат обврски околу нивните деца, бидејки нема кој да им помогне. Државата ќе им помага. Со флексибилното работно време тие полесно ќе ги планираат своите секојдневни обврски.

Покрај ова, еднородителските семејства со плата пониска од просечната ќе ги ослободиме и од јавните давачки како што се такса, јавн превоз, општински комунални давачки. Ќе бидат ослободени од надомест во градинка и основно училиште.

Исто така, за овие семејства, каде едниот родител е починат или е непознат / непризнат ќе промовираме бесплатни сервиси на локлано ниво, што ќе им помагаат во секојдневното функционирање.

Сакаме да знаат еднородителските семејства дека повеќе нема да бидат сами.
Ќе го вратиме достоинствениот живот на на самохраните родители.

Затоа итно е потребна нова и одговорна Влада според мнозинската волја на граѓаните којашто ќе води реални политики во интерес на сите граѓани.

Од 2017 година го создаваме животот што заедно го избравме“ велат од СДСМ.

поврзани објави

Последни објави