18.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Трета „бомба“ на „Ла Верита“: Катица кажува дека таа е главна – се споменува и Заев

Во третото продолжение што денес го објави „Ла верита” во еден од разговорите се слуша како осомничениот Орце Камчев зборува со Боки 13 за изпратени покани, а во разговорот се слуша и гласот на специјалната обвинителка, Катица Јанева која вели дека покани испратила за блиски луѓе на Камчев за да има малку активности, а не за да бидат осомничени.

Еве го разговорот:

ЈК: Извини сеа пак, денеска на 8 души пуштила Катица, тие за покани за на суд, за 11-ти, 12-ти, на брат и на Ана, курац-палац…

БЈ: Покани си им пуштила на луѓе? (Боки до Катица)

КЈ: За увид.

БЈ: А, за увид.

ЈК: Не за увид, пуштени се за осомничени и сведоци. Брат и на Ана не е за увид, туку како осомничен е.

КЈ: Како сведок.

БЈ: Еве вика, нема осомничен.

ЈК: За осум души ми дојдоа, еве и за Графички центар, Миро…

БЈ: Сведоци кои што биле дел, тоа е подобро ради постапката за да пројде, за на крај спогодбата да биде посилна. Имаш нешто да додадеш? (Боки кон Катица)

КЈ: Не, не , сега за малку активности да има во април.

БЈ: еве, вика за малку активности да има.

ЈК: Значи техничко прашање е ? Да не збориме понатаму.

БЈ: Тоа е тоа.

ЈК: Шминка, шминка, ајде чао, чао.

Погледнете ја целата снимка, во која за прв пат се споменува и името на Зоран Заев:

поврзани објави

Последни објави