12.8 C
Skopje
Saturday, March 15, 2025

Му се оствари сонот: Даде отказ на работа бидејќи до крајот на животот ќе прима по 10 илјади евра без никаква работа

Младиот Англичанец го остварил сонот за кој фантазираат сите и така станал првиот добитник на национална лотарија за живот па ќе прима околу 10.800 евра секој месец во наредните 30 години.

Дин Вејмс (24) од Питербор ја освоил главната награда откако погодил пет главни бројки играјќи ја првпат новата игра на Националната лотарија.

Тоа значи дека Вејмс ќе прими неверојатни 3,9 милиони евра додека наполни 54 години.

Вејмс признал дека парите прво ќе ги пoтроши на патувањe во Париз и посета на Дизниленд.

„Оваа победа значи дека имам екстра пари за трошење. До крајот на животот не морам да се грижам. Сè уште сè ми изгледа нереално – истакнал тој.

Вејмс рекол дека му се исполнил сонот па дури дал отказ и на работа.

поврзани објави

Последни објави