Граѓанското здружение „Охрид СОС“ на својата фејсбук страница објави неколку фотографии на кои се гледа катастрофалната состојба на едно од најубавите езера на балканот, Охридското езеро. Оваа иницијатива е започната од неколку граѓани кои се загрижени за одредени проекти кои ќе се спроведуваат во близината на Охридското езеро.
„Добро утро Охриде, град на УНЕСКО тоа што си, со институции на кои екологијата приоритет им е и со иницијативи ко нашава шо од досада еко спинови прават само и еколози изиграваат за некакви си политички цели. А ова на сликиве шо го гледате, сетоа тоа е природна колоритност, каква нафта какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел туристи привлекување, та не знаевте ли? Исто како што и намалувањето на количината на вода има за цел создавање нови крајбрежни плажички на кои и парапетчиња допрва ќе им заличат, со медитерански песок плажарски, бидејќи развој е не е шала.“, велат од Охрид СОС.
Најголемото и најзначајното природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Но сега во последно време во езерото јасно можат да се забележат остатоци од гориво. Од здружението најавуваат дека поради тоа што моментално нема пловни објекти по езерото, горивото да се излева преку канализациите.
Во овој период нема пловни објекти освен рибарите. Можно е преку канализација да се излева, во населба Охридати (на стотина метри од езеро) со месеци се забележува мирис на нафта во канализација, а надлежните креваат раменици иако граѓаните пријавиле за тоа“, додаваат од Охрид СОС.
За заштита на Охридското езеро, отворена е петиција, единствената локација во Македонија која е заштита под УНЕСКО.