Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа да ја почитуваат обврската од член 8 став (3) од Преспанскиот договор според кој треба да се отстрани симболот Сонце од Кутлеш од сите јавни површини.
Како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница Владата разгледала и усвоила информација за примена на член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.
Повеќе вести: Боки 13 останува во притвор нови 30 дена
Обвинителството побара, а Судот донесе решение и го прифати барањето за нови 30 дена притвор за Бојан Јовановски- Боки 13 и Зоран Милески- Кичеец кои се осомничени во случајот „Рекет“.
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд- Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена.