Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до новиот претседател на СР Германија, Франк – Валтер Штајнмаер.
„Ви го честитам изборот за нов претседател на СР Германија во име на граѓаните на Р.Македонија, на Социјалдемократскиот сојуз и во свое лично име.
Ги поздравуваме заложбите што ги искажавте по изборот, за слобода и демократија во една обединета Европа, како важен импулс на охрабрување за земјите кандидатки за ЕУ, како што е Република Македонија.
Германија има важна улога за развојот, стабилноста и безбедноста на целиот балкански регион.
Граѓаните на Македонија силно го почитуваат вашиот личен придонес и придонесот на СР Германија за обнова на демократските процеси во Р.Македонија како и поддршката на евро-атлантските перспективи на нашата држава.
Како добар пријател на Р.Македонија и како претседател на земјата пријател на Македонија, СР Германија, очекувам дека во таа насока ќе ја продолжиме и ќе ја развиваме нашата соработка“, стоеше во честитката од Заев.