7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Курц: Мора да ги слушнеме младите, да им дадеме поголема улога и да ги направиме дел од решението!

Австрискиот министер за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ Себастијан Курц, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен разменија мислења за перспективите на младите во борбата против терористичката радикализација и насилниот екстремизам за време на тркалезната маса која се одржа вчера во Скопје.

Претседавачот на ОБСЕ Себастијан Курц изјави:

„Покрај мојата секојдневна размена на мислења со политичари, официјални претставници и експерти, јас многу ги ценам и ситуациите кога можам да ги видам работите од поинаква перспектива. Да се разговара за предизвиците денес, со оние кои ќе носат одлуки утре е од посебна важност за мене. Мора да ги слушаме младите, да им дадеме поголема улога и да ги направиме дел од решението“.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски истакна дека образованието е клучен фактор во борбата против насилниот екстремизам. „Прекуграничната соработка меѓу институциите видно заостанува зад мрежата за регрутација“, додаде тој.

Себастијан Курц ја пофали Мисијата на ОБСЕ во Скопје како и долгогодишната соработка со сите заедници како ресурс во борбата против насилниот екстремизам.

Инаку, тркалезната маса е дел од активностите на Мисијата за вклучување на  младите и граѓанските организации во борбата против насилниот екстремизам.

поврзани објави

Последни објави