6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Темелковски: Недозволиво е жителите на општина Кисела Вода со години да живеат меѓу градежен шут, раскопани улици и руинирана инфраструктура (ВИДЕО)

Претседателот на ОО СДСМ Кисела Вода, Филип Темелковски денеска на прес конференција рече дека граѓаните на Кисела Вода не заслужуваат аматерско водење на општината, а на локалните избори Кисела Вода ќе добие градоначалник и советници кои ќе водат грижа за граѓаните на Кисела Вода.

„Недозволиво е жителите на општина Кисела Вода со години да живеат меѓу градежен шут, раскопани улици и руинирана инфраструктура.

Поради ова сообраќајот во Кисела Вода се одвива небезбедно и отежнато и претставува закана по безбедноста и на возачите и на пешаците.

Алармантна е состојбата на булеварот Борис Трајковски, оставен со месеци со дупки и отворени канали и без осветлување.

Хаосот го предизвикуваат импровизациите наместо вистинска реконструкција на улиците.

Врз калливите и раскопани улици, се става неквалитетен асфалт што го снемува за десетина дена.

Ова го попречува нормално функционирање на граѓаните.
Тие не можат ни децата на училиште да ги пратат без загриженост како ќе се справат по раскопаните улици преполни со возила, кои вртат каде ќе најдат можност, за да не ги искинат гумите од автомобилите.

Градоначалничката Билјана Беличанец и советниците од ВМРО-ДПМНЕ се служат со скапи импровизации за кои се одлеваат пари на граѓаните од општинскиот буџет, а не ги решаваат нивните проблеми.

Порачуваме дека ќе ги преиспитаме сите злоупотреби на пари на граѓаните за наводни реконструкции. Истовремено апелираме да се обезбедат соодветно улиците за децата за да не дојде до несакани последици!

Граѓаните на Кисела Вода не заслужуваат аматерско раководење со општината. По промените на парламентарните избори, доаѓаат промени и на локалната власт и Кисела Вода ќе добие градночалник и советници кои ќе работат посветено ислучиво за доброто на општината и нејзините жители“ изјави Филип Темелковски на денешната прес конференција.

поврзани објави

Последни објави