13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

ВИДЕО: Припадниците на специјалните единици со завршна вежба од обуката

Денеска во базата на ЕБР- касарна Ѓорче Петров, Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухи присуствуваше на завршната вежба од обуката на  припадниците  на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи и АРМ, која беше реализирана од 31 јануари до 13 февруари. На завршната вежба присуствуваа и министерот за одбрана Зоран Јолески и амбасадорот на САД Џес Бејли.

„Денеска сме овде по повод завршувањето на обуката на припадниците на специјалните единици на МВР и АРМ со инструктори од Специјалните единици на САД .  Дозволете ми да се заблагодарам на амбасадата на САД и посебно на амбасадорот Бејли за несебичната поддршка за нашето министерство“, рече министерот Нухиу.

Тема на обуката беше справување со терористички закани и напади, од страна на вооружени поединци и групи во урбана средина, а целта е подигнување и зајакнување на капацитетите на Министерствата, како и совладување на нови вештини, тактики и методи при справување со глобалните закани и растечката опасност од терористички напади и загрозување на мирот и безбедноста на граѓаните и стабилноста на регионот пошироко.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави