2.8 C
Skopje
Saturday, January 11, 2025

Таа христијанка, тој муслиман – по 30 години дознале дека се сестра и брат

Животот на овие простори сам по себе е необичен и комплексен, не баш вообичаен. Просечен Балканец во својот бурен животен век има голема можност да биде дел од една војна, подготовка за војна, криза, превирање на национализмите, нетрпеливост, етнички поделни, сегрегација и останати егзотични социјални состојби.

Го немаме ние тој досаден монотн исландски начин на живот, без војувања, инвазии, закани за војна… Едноставно не не влече таквото нешто.

Така Рожјац Елдар Нурковиќ ја почна својата необина прикзан во потрагата по сестрата која ја запозна по 28 години, за црногорски „Вести“.

„Во таа шароликна таписерија, направен сум и јас, и мојот живот како и животот на повеќето луѓе овде бил се, само не едноставен. Производ сум на успешни родители од југословенска средна класа, татко на професор на економски факултет и мајка на доктор медицина. Имав потенцијално добра генетска структура, и светла иднина. Но, како што тоа обично бидува, превртливата судбина ги вмеша своите долги прсти и ги закомплицира работите“, изјави Елдар, познатиот сараевски фотограф и основач на „E2 студио“, во оквирот во кој се занимава и со кинематографија.

„Имал наизглед совршен живот и кариера, беше неверојатен филантроп, им помогна на луѓето, но нешто мораше, како по стариот добар балкански обичај да тргне по зло. Не ги ни почуствува своите 30 години, а беше веќе болен од карцином, создаден во синусите, кој подоцна ќе метастазира“, изјави Елдар за „Вјести“.

Неговиот татко Черим пред бракот со неговата мајка долго време бил во врска со жена од друга вера, која нејзините родители не ја поддржувале. Дури и се заканиле дека ќе се одречат од неа долку се омажи за него.

поврзани објави

Последни објави