11.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Родителите останале без збор, малиот тврдел дека навечер некој разговара со него – поставиле камера

Како и повеќето родители денес, така и Сара и Џеј од Минесота во собата на своите деца инсталирале „бејби монитор“. Камерата цело време е насочена кон детскиот кревет, при што кога се слушне бебешки плач, веднаш може да реагираат.

Меѓутоа, еден ден децата раскажале неверојатна приказна на своите родители. Тврделе дека некој од камерата зборува со нив.

Откритието до кое дошло родителите било еднакво на хорор. Џеј и Сара откриле и брзо ја споделиле информацијата со сите родители кои го користат овој уред.

Некој го хакирал „бејби мониторот“ и на тој начин имал можност преку камера да ги гледа децата, а преку звучникот да комуницира со нив.

Тие ја контактирале компанијата која го произведува овој уред, од каде им рекле дека е можно тоа, бидејќи „бејби мониторот“ е поврзан на интернет, ако некој го хакира рутерот, можно е да влезе и во „бејби мониторот“.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави